• недела, 24 ноември 2024

Грција го поздравува договорот меѓу Израел и Либан за одредување на морските зони

Грција го поздравува договорот меѓу Израел и Либан за одредување на морските зони
Атина, 11 октомври 2022 (МИА) - Договорот меѓу Израел и Либан за одредување на нивните морски зони ќе придонесе за мир и стабилност во Источниот Медитеран, кој веќе се соочува со низа предизвици, соопштија од грчкото МНР во врска со постигнатиот договор меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Додадоа дека Грција го поздравува договорот, постигнат преку „посредничките напори на САД, а особено на високиот советник за енергетска безбедност Амос Хохштајн“. -Договорот покажува дека решавањето на споровите меѓу земјите во врска со разграничувањето на морските зони е можно само преку почитување на меѓународното право. Затоа, претставува пример кој мора да го следат сите земји во регионот, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција. Потсетуваат дека Грција веќе има склучено два договори, со Италија и Египет, за одредување на Ексклузивните економски зони, а со Албанија се договори да го достави прашањето до Меѓународниот суд во Хаг. ср/зш/

Остани поврзан