• среда, 27 ноември 2024

Грција ги отфрла турските аргументи околу демилитаризација на грчките острови

Грција ги отфрла турските аргументи околу демилитаризација на грчките острови
Атина, 7 јуни 2022 (МИА) – Грчката страна испрати две писма до генералниот секретар на ОН, во кои се отфрлаат сите турски аргументи во однос на статусот на грчките острови во Егејското море, односно за поврзаноста на грчкиот суверенитет на островите со наводната обврска за нивна демилитаризација, истакнале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Реакцијата од Грција доаѓа по изјавата на министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, кој на прес конференцијата по средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, според турските медиуми, рекол дека со вооружувањето на островите во Егејското Море, Атина ги и прекршува меѓународни договори, а продолжувањето на ова прекршување го доведува во прашање суверенитетот на островите. ср/

Остани поврзан