• четврток, 26 декември 2024

Грција ги информирала ОН и ЕК за случајот со спасените 92 мигранти кај Еврос

Грција ги информирала ОН и ЕК за случајот со спасените 92 мигранти кај Еврос
Атина, 17 октомври 2022 (МИА) - За случајот со 92 мигранти, кои во петокот на границата со Турција кај Еврос, биле пронајдени целосно голи и без никаква опрема и спасени од грчките власти и Фронтекс, Грција, преку министерот за миграција и азил Нотис Митаракис ги информирала Обединетите нации и Европската комисија, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите“, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, според Иконому надлежниот министер Митаракис, следниот понеделник ќе се сретне со претседателот на Генералното собрание на ОН,  министерот за заштита на граѓаните Такис ​​Теодорикакос веќе ја известил надлежната еврокомесарка Илва Јохансон, а денеска ќе испрати писма со информации до неговите европски колеги. -Ова нехумано однесување претставува срам за цивилизацијата, а власта во Турција, наместо да ги обвинува другите за незамисливите работи што се случуваат на нејзина територија, мора да го истражи инцидентот, да ги казни директно инволвираните и да се придржува до нејзините обврски кои произлегуваат од заедничката декларација со ЕУ, рече Иконому, истакнувајќи дека конкретниот случај, „по којзнае кој пат, докажува дека Турција продолжува отворено да ги инструментализира мигрантите“. Објасни дека спасените лица се згрижени ќе и се следат предвидените процедури. Како што објави МИА во саботата, групата спасените мигранти изјавиле дека со три возила на турските власти биле пренесени до Еврос, а потоа се качиле во пластични чамци за да преминат на грчка страна. ср/ссм/

Остани поврзан