• сабота, 31 август 2024

Грција, Бразил, Шпанија и Порторико изборија учество на олимпискиот кошаркарски турнир

Грција, Бразил, Шпанија и Порторико изборија учество на олимпискиот кошаркарски турнир

Сан Хуан, 8 јули 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Порторико ноќеска во Сан Хуан ја победи Литванија и обезбеди учество на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Најуспешни на другите три турнири беа Шпанија, Грција и Бразил и тие изборија настап на ЛОИ 2024.

Четирите одделни квалификациски турнири се одржаа во Шпанија, Летонија, Грција и Порторико. 

Резултати на финалните средби:
Бразил – Летонија 94:69
Грција – Хрватска 80:69
Шпанија – Бахами 86:78 и
Литванија – Порторико 68:79.

Претходно виза за Париз обезбедија селекциите на Австралија, Јапонија, Канада, Јужен Судан, Србија, САД, Германија (актуелен светски шампион) и Франција (домаќин на Игрите). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан