• сабота, 28 декември 2024

Грушко: НАТО е виновен за дестабилизацијата на безбедноста во Европа

Грушко: НАТО е виновен за дестабилизацијата на безбедноста во Европа
Москва, 17 март 2021 (МИА) - Вината за дестабилизацијата на безбедносниот систем на европскиот континент е во НАТО, кој им се приближи на границите на Русија со проширување на својата воена инфраструктура, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко. Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Русија, тероризмот,  кибер нападите, растот на Кина и климатските промени се главните закани за земјите на НАТО, Грушко рече дека НАТО е одговорен затоа што ги приближува своите граници до руските. Тој смета дека „како резултат на неколку бранови на експанзија, ситуацијата во Европа драстично се промени“. - Сведоци сме на се поголемо присуство на инфраструктурата на НАТО во близина на нашите витални центри, распоредување војници и оружје, иако не на трајна основа, туку ротација на единиците, зголемување на бројот на воени вежби, рече Грушко, додавајќи дека сето ова ја дестабилизира безбедноста ситуација во периодот по Студената војна. Грушко истакна дека овие настани бараат одговор на Русија и приспособување на нејзината политика и воено планирање, што е направено, со оглед на тоа што Москва отсекогаш давала приоритет на прашањата поврзани со зајакнување на безбедноста и националните интереси. паг/    

Остани поврзан