• недела, 24 ноември 2024

Групна изложбена поставка на „ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите“

Групна изложбена поставка на „ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите“
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“ вечер во КСП Центар - Јадро „Скала магазин“ ќе ја одржи првата групна изложбена поставка на авторски дела во повеќе медиуми од визуелните уметности, на тема „ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите“, во организација на „Скала магазин“. „Скала магазин“, како што посочуваат од КСП Центар - Јадро, е платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддршка на културните настани и сцена. - На конкурсот пристигнаа 77 дела [медиуми: сликарство, фотографија, графика, скулптура], од 32 автори. Селекторите во состав: Дејан Џолев [главен уредник на Скала магазин], Андреј Павлов [уредник на дизајн], Влатко Ристов [арт-директор, New Moment-New idea Company], одлучија на групната изложбена поставка да земат учество следните автори: Ана Андонова, Ана Трајковска, Андреј Игњатовски, Благица Здравковска, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дарко Трајковски, Дејвид Стоилковски, Елена Банчотовска, Калина Трајановска, Марко Вилиќ, Андреј Павлов, Марија Пејоска, се вели во соопштението. Проектот е поддржан од Democracy Lab и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со КСП Центар - Јадро. мс/са/

Остани поврзан