• среда, 13 ноември 2024

Групите за пријателство одлична основа за продлабочување на севкупните односи со Кина

Групите за пријателство одлична основа за продлабочување на севкупните односи со Кина

Скопје, 3 септември 2024 

Претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Олга Лозановска, одржа средба со вршителот на должност амбасадор на Народна Република Кина, Шу Леи.

Лозановска информираше за традиционалното формирање на оваа Пратеничка група за соработка, во која членуваат осум пратеници од речиси сите политички партии во Собранието.  

Радува фактот, рече Лозановска, што и во Кинескиот сенароден конгрес е формирана Група за пријателство со нашето Собрание, што е одлична основа за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски, кои ќе влијаат врз унапредување на севкупните политички, економски и културни односи меѓу двете држави. 

Соговорниците беа согласни дека иако географски оддалечени, односите меѓу двете држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување. 

На билатерален план постои успешна соработка во многу области, како науката, образованието, земјоделството, туризмот, здравството, културата, но постојат можности за интензивирање на економската соработка меѓу двете држави, посебно поради фактот што кинеската економија е втора по големина во светот.   

Заеднички стремеж за наредниот период е унапредувањето на меѓусебните односи, и во таа насока беше упатена покана за посета на Кина. 

Собрание на РСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Собрание на РСМ

Остани поврзан