• среда, 25 декември 2024

Група производители и трговци на мало се согласија на пониски цени во Франција

Група производители и трговци на мало се согласија на пониски цени во Франција

Париз, 31 август 2023 (МИА) - Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека постигнал договор со група трговци на мало и производители на храна за ограничување на цените, издвојувајќи ги „Unilever“, „Nestle“ и „PepsiCo“ меѓу оние кои не ја прифатиле иницијативата.

-Компаниите ветија дека ќе ги замрзнат или намалат цените на пет илјади производи, рече Ле Мер по дводневните разговори со претставниците на секторот.

Тие, како што додаде тој, исто така, се договорија редовните годишни преговори за цената за следната сезона да се префрлат за септември, така што тие ќе стапат на сила веќе во јануари.

Тој ги наведе „Унилевер“, „Нестле“ и „ПепсиКо“ меѓу групата компании кои одбија да соработуваат за ограничување на цените.

-Големите мултинационални компании би можеле да направат многу повеќе, нагласи Ле Мер.
 
Трговците на мало како „Carrefour“ и „Les Mousquetaires“ оваа недела предупредија дека Французите го намалуваат купувањето на основните работи поради високите трошоци за живот, вперувајќи го прстот кон глобалните мултинационални компании.

-Само 25 од 75 големи групи кои произведуваат стоки за широка потрошувачка се согласија да ги намалат цените досега, и тоа само за ограничен број производи, објави вчера асоцијацијата на малопродажни компании „Federation du Commerce et de la Distribution (FDC)“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан