• четврток, 19 декември 2024

Група американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда

Група американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда

Вашингтон, 21 ноември 2023 (МИА) – Група од 27 американски конгресмени демократите изразија загриженост дека платформата Икс (поранешен Твитер) профитира од премиум сметки, за кои тврдат дека го величаат насилството врз Израелците.

Во писмото испратено до сопственикот на компанијата Икс, Илон Маск и извршната директорка Линда Лакарино, конгресмените наведуваат дека извештаите од непрофитните организации покажуваат дека луѓето со премиум сметки на Икс „ги величаат варварските акти на насилство против Израелците“.

Компанијата Икс вчера поднесоа тужба против надзорната група „Медија Метерс“ (Media Matters) за клевета, откако непрофитната организација објави извештај во кој се истакнува дека рекламите за големите брендови се појавуваат заедно со објавите кои го промовираат Адолф Хитлер и нацизмот.

- Овие извештаи покажаа дека платформата Икс профитира од ширењето на оваа ужасна и штетна пропаганда преку претплати на сметки и приходи од реклами, се посочува во писмото на конгресмените.

Тие истакнаа дека Икс профитирал од објавите и од претплатите и од рекламите прикажани во одговорите на премиум и редовните објави.

- Социјалната мрежа Икс, исто така, имаше финансиска корист од ширењето на очигледно лажни и погрешни содржини, потенцираат конгресмените.

Приходите од реклами во САД се намалија за најмалку 55 отсто во однос на претходната година, откако Маск го презеде поранешниот Твитер. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан