• сабота, 23 ноември 2024

Група авиопревозници ги откажаа летовите за Бејрут

Група авиопревозници ги откажаа летовите за Бејрут

Бејрут, 29 јули 2024 (МИА) - Летови од и кон аеродромот во Бејрут се откажани или одложени, а либанската авиокомпанија Мидл Ист ерлајнс соопшти дека нарушувањата на нејзиниот распоред се поврзани со ризиците од осигурувањето, бидејќи тензиите меѓу Израел и милитантната група Хезболах се зголемија.

Луфтханза и Јуровингс откажале три лета за Бејрут закажани за денеска попладне, Туркиш ерлајнс откажа и два лета во текот на ноќта. Откажани беа и турскиот нискобуџетен авиопревозник СанЕкспрес, филијалата на Туркиш ерлајнс АЏет, грчката Ејџиан Ерлајнс, Етиопијан Ерлајнс и Мидл Ист ерлајнс.

Тензиите ескалираа откако во саботата во ракетен напад загинаа 12 деца во сириската Голанска висорамнина окупирана од Израел.

Израел го обвини Хезболах за нападот, а либанската вооружена група ја негираше одговорноста.

Израелскиот кризен кабинет во неделата ја овласти владата во Тел Авив да подготви одговор. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан