• среда, 18 декември 2024

Грузискиот парламент конституиран, опозицијата бојкотира

Грузискиот парламент конституиран, опозицијата бојкотира

Тбилиси, 25 ноември 2024 (МИА) - Грузискиот парламент, избран на крајот од октомври, ја одржа својата конститутивна седница.

Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, тврдејќи дека се фалсификувани, а Уставниот суд сè уште не се изјаснил за валидноста на нивните тврдења.

Седницата започна во 12 часот, а полицијата ги блокираше улиците околу парламентот во Тбилиси.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која има ограничени овластувања, ја прогласи седницата за „неуставна“.

Опозициските партии одржуваат протести во Тбилиси, а пред парламентот поставија камп.

На изборите победи проруската партија „Грузиски сон“ со 53,93 отсто од гласовите. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан