• недела, 24 ноември 2024

Грузиската владејачка партија започнува со импичмент на претседателката на земјата

Грузиската владејачка партија започнува со импичмент на претседателката на земјата

Тбилиси, 1 септември 2023 (МИА) - Грузиската владејачка партија денеска соопшти дека ќе започне процес на импичмент на претседателката Саломе Зурабишвили поради нејзините посети на Европската унија, кои беа извршени против волјата на Владата, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на грузиските медиуми.

Лидерот на партијата Грузиски сон, Иракли Кобачиџе, изјави дека претседателката „флагрантно го прекршила“ Уставот на земјата и дека партијата ќе започне постапка за импичмент, пренесоа грузиските медиуми.

Според него тешко дека импичментот ќе успее, бидејќи партијата, која има просто мнозинство во Парламентот, ќе треба да ги освои гласовите на опозицијата за да помине предлогот.

Зурабишвили, со поддршка на Грузискиот сон, беше избрана за претседателка на Грузија во 2018 година и има претежно церемонијални овластувања.

Оттогаш, таа ја прекина соработката со партијата, која постојано ја обвинуваше дека е проруска и недоволно посветена на влезот на Грузија во Европската унија и НАТО, наведуваат британските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан