• вторник, 24 декември 2024

Грузиецот Микаутадзе во Мец за 13 милиони евра

Грузиецот Микаутадзе во Мец за 13 милиони евра


Париз, 1 јули 2024 (МИА) – Францускиот фудбалски второлигаш Мец го откупи договорот на грузискиот напаѓач Жорж Микаутадзе (23) од Ајакс за 13 милиони евра.
Микаутадзе му се приклучи на Ајакс од Мец на почетокот на сезоната 2023/24, но не успеа да избори место во холандскиот тим и се врати во Мец на позајмица до крајот на сезоната во јануари. На 17 настапи постигна 11 голови, а Мец сега го откупи договорот со Ајакс за 13 милиони евра.
Договорот на грузискиот репрезентативец со Ајакс беше до 30 јуни 2028 година. Вкупно, Микаутадзе одигра девет натпревари за првиот тим на Ајакс, без постигнат гол.
Микаутадзе е роден во Лион, каде ја започна фудбалската кариера, а на 16 години се пресели во Мец. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан