• среда, 27 ноември 2024

Груевски преку посредник ја добил фирмата „Сирах Лимитед''

Груевски преку посредник ја добил фирмата „Сирах Лимитед''
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Бизнисменот Александар Ивановски, (Алек Теранова) од Ненад Јосифовиќ, обвинет во случајот „Плацеви на Водно'' за потребите на Никола Груевски се интересирал дали има странска компанија која би се занимавала со дејности од областа на градежништвото. Во својата одбрана на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Јосифовиќ потврди дека на Ивановски му рекол дека има слободна компанија на негово име (Сирах Лимитед), и дека не е проблем истата да му ја отстапи да се послужи. - Фирмата ја отстапив на начин што ја однесов во адвокатска канцеларија и ја предадов. Би сакал да напоменам дека имаше и документ кој доколку утредента би се случило со фирмата, да може да се пренесе на кое било лице, само да се пополнат податоци, рече обвинетиот Јосифовски. Тој пред судот посочи дека фирмата во тој момент немала никаква деловна активност. - Од моментот на отстапување ниту сум преземал, ниту сум учествувал во некакви преговори, склучување на договори, постапки пред Централен регистар... Истото нешто го потврди и Ристо Новачевски, наведе обвинетиот Јосифовиќ. По објавувањето на т.н. бомби, обвинетиот Јосифовиќ, рече дека разбрал за што се користела фирмата. Своја одбрана денеска даде и обвинетиот Јордан (Орце) Камчев, кој изјавил дека Груевски ги заменил плацевите на Водно со три стана со површина од 750 метри квадратни на атрактивна локација на Водно. - Во зградата ,,Панорама Резиденс" три апартмана со квадратура од 750 метри квадратни. Не се под хипотека, се чуваат за примопредавање. Ги чува Мето Стојчевски. Знам дека се за Никола Груевски, тоа е јас што знам, одговори Камчев. Следното рочиште за случајот „Плацеви на Водно'' е закажано на 28 март, за кога е најавено и одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков. оџ/дма/

Остани поврзан