• четврток, 26 декември 2024

Груби ја повика турската заедница во земјава на соработка во процесот на пописот

Груби ја повика турската заедница во земјава на соработка во процесот на пописот
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со претставници на турската заедница во земјата во врска со пописните активности во државата. -Преку оваа средба, Груби и претставници на турската заедница го повикаа населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира, додека преку личности кои имаат влијание врз општеството да му се пренесе пораката на секој граѓанин за важноста на овој процес, соопшти Кабинетот на вицепремиерот. Вицепремиерот Груби изрази отвореност за соработка со турската заедница и сите заедници во Република Северна Македонија, се додава во соопштението. нд/дма/

Остани поврзан