• четврток, 26 декември 2024

Груби - Тигањ: Целосна поддршка за уставните измени и вклучувањето на хрватската заедница во Уставот, како и за интеграцита во ЕУ

Груби - Тигањ: Целосна поддршка за уставните измени и вклучувањето на хрватската заедница во Уставот, како и за интеграцита во ЕУ

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, имеше средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава Нивес Тигањ, на која е разговарано за состојбите во земјата и регионот, промените во владата и уставните измени како и за патот на евроинтеграциите.

Како што информираат од кабинетот на Груби, на средбата е констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични. На редбата, како што се потенцира во соопштението, било посочено дека Северна Македонија и Хрватска имаат добри односи на сите полиња и Хрватска беше земја поддржувач на патот кон НАТО, но и кон Европската Унија, пат што земјата треба да го забрза со приклучување кон Европскиот фронт.

Груби потенцирал дека во реформскиот процес кај нас честопати се земени предвид позитивните примери и реформи во Хрватска, кои се покажале како успешни и се воспоставени многу соработки со Хрватска.

Амбасадорката Тигањ ја истакнала целосната поддршка за уставните измени и вклучувањето на хрватската заедница во Уставот, како и за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Груби го претставил владиниот план за европскиот фронт и уставните измени и побара поддршка од Хрватска, но и од другите земји од Европската Унија и Соединетите Американски Држави за реализацијата на интеграциските цели.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан