• четврток, 26 декември 2024

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес 

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес 
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) - По повод почетокот на пописниот процес, кој ќе трае до крајот на месецот, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повикува граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес, учествувајќи и поддржувајќи го без резерва поради големата важност што овој процес ја има за сите нас. Тој ги повика граѓаните да одговорат позитивно на статистичката операција и ниту еден граѓанин да не остане нерегистриран. Овој процес започна денеска и ќе заврши на крајот на септември. - Повикувајќи за помасовна регистрација, првиот вицепремиер Груби, исто така истакна дека нашите сограѓани кои живеат во дијаспората и кои не ја исполниле оваа обврска се уште, треба да продолжат да го направат тоа затоа што до крајот на месецот можат да го направаат онлајн, исто како што се регистрирани другите досега, наведуваат од Кабинетот на министерот. Според Груби, дијаспората треба да продолжи со пописниот процес и со тоа да потврди дека е наш составен дел. мс/бк/

Тагови

Остани поврзан