• среда, 27 ноември 2024

Груби на средба со романската амбасадорка Аксинте

Груби на средба со романската амбасадорка Аксинте
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) -  Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Романија во Скопје, Адела Моника Аксинте, која, како што стои во соопштението од кабинетот на вицепремиерот, истакнала дека потполно ги поддржува европските аспирации на Северна Македонија. Како што информира Кабинетот на вицепремиерот Груби, двајцата соговорници за време на средбата процениле дека постои стратешки интерес на целиот регион и Европа, нашата земја да го продолжи патот на реализација на реформи што се од интерес за граѓаните, како и за реализација на стратешките цели. Груби ја информирал амбасадорката Аксинте и за политичките процеси во земјата, реформите во администрацијата и правосудниот систем, процесот на регистрација. Разговарале и за локалните избори, што треба да се одржат во втората половина на октомври оваа година и за имунизацијата што се спроведува низ целата држава. Од Кабинетот на Груби велат дека членството на Република Северна Македонија во НАТО, Груби и амбасадорката Аксинте го оцениле како придонес кон безбедноста на целиот регион истовремено поздравувајќи ги развојните политики на мултикултурализмот како пример во широки рамки. -Нашите граѓани и нашата земја заслужуваа отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Направивме се и сега е редот Брисел да го исполни неговото ветување, истакна Груби на средбата. Груби и Аксинте разговарале и за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на економијата, трговијата, енергијата, транспортот, туризмот, културата и образованието. ки/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан