• четврток, 26 декември 2024

Груби: Измените на Изборниот законик и на Уставот да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми

Груби: Измените на Изборниот законик и на Уставот да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Измените на Изборниот законик и измените на Уставот мора да се направат со консензус и овие предлози да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми ако сакаме да бидат успешни, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби коментирајќи го барањето на опозицијата за намалување на бројот на пратеници и една изборна единица. - Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот, во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања, рече Груби во рамки на посетата на О.У. „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир. Одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за укинување на техничката влада, Груби рече дека го поддржуваат и оти ова прашање нема да влијае на идејата за премиер Албанец. - Ние го елабориравме ова прашање, го поддржавме и беше договорено меѓу нас и СДСМ пред изборите во 2020 година и мило ми е што и ВМРО-ДПМНЕ се приклучува на оваа наша иницијатива што ја имаме потпишано во договорот за коалицирање. Тоа никако не влијае на идејата за албански премиер затоа што договорот со СДСМ го имавме без техничка влада со политички премиер Албанец, посочи Груби. Прашан за став за приклучувањето на поранешниот заменик-директор на ЕСМ, внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани кон Движењето Беса, Груби истакна дека тоа е негово легитимно право и му посакува многу успех.фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан