• среда, 13 ноември 2024

Груби за одлуката на УНЕСКО: Да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина

Груби за одлуката на УНЕСКО: Да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - Да ја исполниме обврската и да ги спроведеме препораките, како и да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во врска со одлуката на УНЕСКО со која Охридскиот регион останува на листата на заштитени подрачја.
Груби во објавата на својот фејсбук-профил пишува дека комитетот на УНЕСКО ги признал нашите напори и го одобрил предложениот амандман за завршување на започнатата работа и целосно спроведување на препораките и ги поканува сите странки за соработка и за придонес за заштита на езерото и целиот регион. ар/сст/

Остани поврзан