• вторник, 24 декември 2024

Груби го осуди синоќешното убиство и ги охрабри институциите поскоро да ги откријат сторителите

Груби го осуди синоќешното убиство и ги охрабри институциите поскоро да ги откријат сторителите

Скопје, 7 март 2023 (МИА) -  Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди синоќешното двојно убиство на Кале и ги охрабри институциите интензивно да делуваат за што поскоро да ги откријат сторителите.

Тој вечерва во телевизиско гостување рече дека нема повеќе информации во врска со немилиот настан од оние што се соопштени во јавноста.

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет

Според Груби, иако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на еден од двајцата починати во престрелката со Талат Џафери, никој од функционерите на ДУИ нема никаква врска со убиениот. 

-Не ги знам ниту жртвите, не ги познавам, ниту некогаш сум се сретнал со нив. Жалам за тоа што се случи, се слушнав со министерот Спасовски синоќа неколку пати. Навистина е страшно тоа што се случи, апсоултно е неприфатливо и најостро ги осудувам ваквите криминалните дела. Истрагата ќе покаже кој стои зад ова, ги охрабрувам МВР и Јавното обвинителство што е можно поскоро да ги најдат сторителите. Со дрога, дилерство и криминал апсолутно немам допирна точка. Сакам институциите да делуваат, да го истражат случајот што поскоро, истакна Груби во гостувањето на Телевизија 24. мч/

Остани поврзан