• среда, 27 ноември 2024

Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива

Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива
Киев, 28 април 2022 (МИА) - Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руските сили, не е одржлива и може да се покаже како опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Руските сили го окупираа целото подрачје, вклучувајќи ја и самата нуклеарка, најголемата во Европа. Гроси информираше дека МААЕ во повеќе наврати се обидела да добие пристап до нуклеарката, но, безуспешно. Како што тој истакна, нуклеарката „си бара поправки“ што „и понатаму не се реализираат“. - Ситуацијата е таква, каква што ја опишав. Ова не е одржливо. Ова е црвено светло што трепери, нагласи Гроси. Околу ситуацијата во Запорожје, неделава, тој разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски истакнал дека Украина не сака инспектори на МААЕ да ја посетат нуклеарката, додека е под контрола на „трета страна“. Гроси додаде дека продолжува да ги притиска руските власти, со цел да им овозможат на инспекторите, да ја посетат нуклеарката во Запорожје. Генералниот директор на МААЕ наскоро очекува средба со руски претставници. бд/ми/  

Остани поврзан