• сабота, 23 ноември 2024

Гроси: Нуклеарната енергија не е утопија

Гроси: Нуклеарната енергија не е утопија

Брисел, 21 март 2024 (МИА) - Нуклеарната енергија е безбеден и профитабилен извор на енергија, а не утопија, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Претставници на околу 30 земји, меѓу кои Кина, Соединетите Американски Држави и Бразил, учествуваа денеска на самит во Брисел, на иницијатива на МААЕ и со цел побрз координиран развој на нуклеарната енергија.

„Тоа е безбеден, чист и профитабилен извор на енергија, а не утопија. „Потребни беа 28 конференции за климата за да се препознае важноста на нуклеарната енергија. Подобро некогаш отколку никогаш. Сега треба да дефинираме конкретни чекори, мораме да соработуваме заедно“, рече Гроси.

Целта на состанокот во Брисел е воспоставување области за зајакнување на технолошката и економската соработка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан