• сабота, 23 ноември 2024

Гроси: Итно да прекинат борбите во близина на нуклеарната централа во Запорожје

Гроси: Итно да прекинат борбите во близина на нуклеарната централа во Запорожје
Виена, 3 март 2022 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска ги повика руските и украинските војници да ги прекинат борбите околу украинската нуклеарна централа во Запорожје, откако Киев соопшти дека се водат борби во блискиот град Енергодар. - Генералниот директор Гроси апелираше на итен прекин на употребата на сила во Енергодар и ги повика воените сили кои дејствуваат таму да се воздржат од насилство во близина на нуклеарната централа, се наведува во соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија. Руски војници отвориле оган во украинскиот град Енергодар, веднаш до најголемата нуклеарна централа во Европа, откако влегле со тенкови, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко во објавите на интернет. гт/

Остани поврзан