• вторник, 17 декември 2024

Гроси: Дрон погоди возило на МААЕ во Украина

Гроси: Дрон погоди возило на МААЕ во Украина

Виена, 10 декември 2024 (МИА) - Дрон погоди и сериозно оштети службено возило на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што денеска се движеше на пат кон украинската нуклеарна централа Запорожје, изјави генералниот директор на организацијата Рафаел Гроси, цитиран од британските медиуми.

Гроси рече дека во инцидентот нема жртви и дека тимот на нуклеарниот регулатор на ОН со седиште во Виена е безбеден.

„Најостро го осудувам нападот против тимот на МААЕ. Повторно повикуваме, како и досега, на целосна апстиненција од насилство“, рече Гроси.

Генералниот директор на МААЕ додаде дека напад врз нуклеарна централа е неприфатлив, а напад врз оние кои работат на спречување нуклеарна несреќа за време на воен конфликт е „уште понеприфатливо“.сд/

фото:Х

 

Остани поврзан