• четврток, 28 ноември 2024

Гроси: Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарката Запорожје

Гроси: Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарката Запорожје
Киев, 9 септември 2022 (МИА) - Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарната електрана Запорожје и да се воспостави заштитна безбедносна зона, повика генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Гранатирањето околу нуклеарната електрана Запорожје мора да престане и веднаш да биде договорена зона на нуклеарна сигурност и безбедност“, напиша Гроси на социјалните мрежи. Тој побара итен прекин на гранатирањето на целото подрачје, наведувајќи оти нападите довеле до исклучување на струјата во Енергодар, град близу нуклеарката. бд/ссм/

Остани поврзан