• недела, 24 ноември 2024

Гроси: Безбедноста на нуклеарката во Запорожје и натаму е кревка

Гроси: Безбедноста на нуклеарката во Запорожје и натаму е кревка

Киев, 6 февруари 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска во Киев изјави дека безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожје е сè уште кревка бидејќи Русија  го намали персоналот откако ја зазеде.

Гроси за американските медиуми во Киев кажа дека за време на својата најнова посета на електраната, една од 10-те најголеми во светот, ќе го процени влијанието на намалувањето на персоналот.

Русија го забрани пристапот на вработените во Енергоатом, компанијата која управува со нуклеарните централи во Украина.

Гроси кажа дека некогаш во Запорожје биле вработени 12.000 лица, но дека таа бројка драстично е намалена на само две до три илјади.

-За да управувате со овие многу софистицирани големи инсталации, потребен ви е одреден број лица кои вршат различни специфични функции, рече Гроси.

Тој додаде дека сегашната состојба, иако деликатна, е стабилна и дека ќе мора лично да ги процени изгледите за работа на краток рок, но и на долг рок. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан