• четврток, 26 декември 2024

Гром усмрти младоженец при фотографирање

Гром усмрти младоженец при фотографирање

Пекинг, 29 август 2022 (МИА) - Силен удар на гром уби маж за време на сликањето пред неговата свадба, во југозападна Кина, иако на местото на несреќата набрзо пристигнале службите за итна помош.

Човекот се фотографирал со својата избраничка додека траело невреме со грмотевици. Турист кој се нашол на местото на несреќата вели дека цело попладне врнело дожд. - Големата среќа се претвори во голема трагедија. Не можеме ни да замислиме колку е тоа болно за невестата. Можеби една секунда пред тоа, таа и нејзиниот вереник зборувале за нивната романтична свадба и со нетрпение го очекувале среќниот живот пред нив. Но, блесок од гром ги раздели!, рече очевидецот.

Жртвата била брзо пренесена в болница, но лекарите не можеле да го спасат несудениот младоженец. Нема други повредени.  си/сд/

Остани поврзан