• четврток, 26 декември 2024

ГРОМ со повик до партиите: Да ги надминеме недоразбирањата и да му дадеме нова надеж на македонскиот народ

ГРОМ со повик до партиите: Да ги надминеме недоразбирањата и да му дадеме нова надеж на македонскиот народ
Скопје, 16 јули 2022 ГРОМ упатува проглас до сите партии кои се слободољубиви, демократски ориентирани и со изградено национално чувство, како и партиите на другите етнички заедници во Македонија јасно да ставиме до знаење  на предавниците во Македонија и на дел од меѓународната заедница дека насилното изгласување на предлог заклучоците за францускиот предлог нема никогаш да ги прифатиме. Затоа ги повикуваме : ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Социјалистичката партија на Македонија, Демократски сојуз, ДОМ, Нова либерална партија, Демократската партија на Србите во Македонија, Движење за национално движење на Турците, Демократската партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, Македонска акција (МААК), , Партија на Власите од Македонија, Партија на обедините демократи на Македонија, Роми обединети во Македонија, Работничко земјоделска партија од Македонија, Српска напредна странка, Странка на демократска акција на Македонија, Титови леви сили и др. Обединети и заеднички да ставиме потпис на Договор и Декларација дека кога на следните избори ќе дојдеме на власт овие партии ќе го поништат овој документ и со ново гласање ќе ставиме до знаење дека не го прифаќаме овој бугарско- францускиот предлог за бугаризација на Македонија, ништо не е поголемо од националното достоинство па дури ни членството во ЕУ. ГРОМ ги повикува сите партии вклучувајќи ги ВМРО ДПМНЕ и Левица да ги надминеме недоразбирањата и да му дадеме нова надеж на македонскиот народ. Центар за комуникации на Граѓанска Опција за Македонија - ГРОМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан