• недела, 24 ноември 2024

Гроздановска победи на турнир во Солун

Гроздановска победи на турнир во Солун

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Леонида Гроздановска го освои првото место на меѓународениот коњички турнир во прескокнување пречки „CSI“ што се одржа викендот во Солун.

Македонската натпреварувачка беше најдобра со грлото Kardino 14 и заслужна за интонирање на македонската химна.

Победничкото време на Дуковска изнесуваше 74,13 секунди. Втора беше Русинката Викторија Исаева со време 77,14 секунди, трета Јоана Кларк од Романија со време 82,98.

 

Покрај Гроздановска, на турнирот учествуваше уште една Македонка, Силја Дуковска. зс/

Остани поврзан