• недела, 24 ноември 2024

Грлиќ-Радман: Функцијата на висок претставник во БиХ е остаток од минатото и доказ за недостиг на демократија

Грлиќ-Радман: Функцијата на висок претставник во БиХ е остаток од минатото и доказ за недостиг на демократија
Загреб, 3 август 2021 (МИА) - Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман изјави дека функцијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина е остаток од минатото и истовремено доказ за недостиг на демократија во таа земја.
„Како остаток од непосредниот повоен период, функцијата на високиот претставник денес е манифестација на недостиг на демократија во политичкиот живот на земјата“, рече Гордан Грлиќ-Радман за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Весникот наведува дека во Хрватска, која не е само единствениот сосед на ЕУ со БиХ, туку и потписник на Дејтонскиот договор, доаѓањето на новиот висок претставник, германскиот политичар Кристијан Шмит, кој ја презеде функцијата во неделата, внимателно се следи.
- Босна и Херцеговина не е место за експерименти. Го велам тоа не само како министер за надворешни работи на Хрватска, туку и некој што е роден во БиХ и чие семејство потекнува од таму, рече Грлиќ-Радман.
Хрватскиот министер за надворешни работи, исто така, ја отфрли идејата за промена на Уставот со декрети.
- Верувам спроведувањето на уставните модели со декрети не е решение, рече Грлиќ-Радман.
Тој, исто така, рече дека централистичките тенденции на некои бошњачки политичари не се решение.
Хрватскиот министер рече дека Загреб со години ја набљудува „отворената пракса“ за исклучување на Хрватите од процесот на донесување политички одлуки.
- Ова исто така се манифестира со фактот дека дел од Бошњаците, при изборот на тричлено државно претседателство, избираат кандидат кој е само навидум хрватски кандидат, но во реалноста ги претставува бошњачките интереси, рече Грлиќ-Радман.
Според него, Хрватска со години се залага за реформа на изборниот закон, со што, на пример, преку преструктуирање на изборните единици, ќе биде невозможно Хрватите во БиХ да бидат реизбрани за време на изборот на државното претседателство и парламентот .
Грлиќ-Радман рече дека притоа не станувало збор за формирање трет ентитет покрај Република Српска и Федерацијата, туку само Хрватите да изберат свој претставник и повеќе да не бидат реизбрани.
Тој нагласи дека „поддршката“ за таков пристап „расте“ во рамките на ЕУ и изрази оптимизам во врск со мандатот на Кристијан Шмит.
- Ние се радуваме на соработката со Кристијан Шмит и сигурни сме дека заедно со ЕУ и САД тие ќе ги охрабрат легитимните претставници на конститутивните народи да постигнат компромис, вели Грлиќ-Радман во интервјуто за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. паг/
   

Остани поврзан