• петок, 27 декември 2024

Грковска- Шмид: Поддршката на ОБСЕ е клучна за јакнење на анктикорупциските механизми

Грковска- Шмид: Поддршката на ОБСЕ е клучна за јакнење на анктикорупциските механизми

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на маргините на Преспа форум за дијалог, што се одржува во Струга, имала средба со Хелга Шмид, генерален секретар на ОБСЕ, соопштија денеска од владината прес-служба.

Грковска се заблагодарила за континуираната соработка со ОБСЕ во унапредувањето на механизмите за владеење на правото и справувањето со корупцијата и организираниот криминал, а во насока на јакнење на безбедноста и стабилноста и почитувањето на човековите права во нашата земја.

Таа упатила посебна благодарност за личната поддршка на Шмид за активностите на Кабинетот за политики за добро владеење и антикорупција.

- Шмид истакна дека особено внимание треба да се посвети на родовиот аспект во борбата со корупцијата, со оглед дека жените се помалку вклучени во корупција, но во поголема мера ги чувствуваат последиците од коруптивните активности во општеството. Нагласувајќи дека корупцијата истовремено претставува и безбедносно прашање, што е особено важно во контекст на актуелните геополитички случувања, Шмид изрази подготвеност и отвореност да ги поддржи и понатамошните активности поврзани со овие теми, а кои Владата ги спроведува на иницијатива на вицепремиерката Грковска, стои во соопштението од Владата. цр/лв/

Фото:Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан