• четврток, 26 декември 2024

Грковска: Учеството во програми на ЕУ носи бенефити за претпријатијата и за дигитализацијата

Грковска: Учеството во програми на ЕУ носи бенефити за претпријатијата и за дигитализацијата
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска информира дека една од активностите на нејзиниот кабинет е барањето за проценка што е потребно нашата држава да направи за да аплицира и да покаже интерес за програмата „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“ (Digital Europe 2030)“. Таа во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ информираше дека учеството во овие програми носи големи придобивки за малите и средните претпријатија и за дигитални активности и тренинзи. Грковска, посочи дека сите реформи што ги правиме се пред сѐ за нас и изрази убедување дека нашата држава може да добие повеќе помош од ЕУ. Според неа, јасен сигнал за тоа е и изјавата на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел при вчерашната посета на Скопје. дма/сп/

Остани поврзан