• среда, 25 декември 2024

Грковска: Со стратегија за дигитализација решенија во интерес на граѓаните и ефикасноста на институциите

Грковска: Со стратегија за дигитализација решенија во интерес на граѓаните и ефикасноста на институциите
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Процесот на дигитализација во нашата држава во наредниот период ќе биде спроведена со стратешки пристап со мапирани приоритети во точно определени периоди за да постигнат сеопфатни, ефикасни и одржливи решенија кои во фокусот ќе го имаат интересот на граѓаните и ефикасноста на институциите, изјави заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. -Во соработка со експертите од Естонија со која што Владата на Северна Македонија потпиша договор за подготовка на стратегијата, и со поддршка на американската Влада во наредниот период ќе се подготви еден патоказ, роуд-мап, кој на краток, на среден и на долг рок ќе ги утврди кои се таргетите во државата што треба да ги постигнеме и на каков начин, нагласи Грковска во интервју за ТВ 21.  Таа дополни дека улогата на нејзиниот кабинет е во соработка со сите институции да ги координира активностите и да се најдат најдобрите решенија за процесот на дигитализација и за другите области кои го гарантираат доброто владеење низ институционален систем што ќе функционира ефикасно и транспарентно. -Да го поставиме системот во една стабилна форма, која за мене како граѓанин ќе гарантира долгорочна платформа поддржана од сите институции која што понатаму која било влада и да дојде, ќе продолжи да ја надградува и усовршува, потенцираше Грковска. вг/лв/

Остани поврзан