• среда, 25 декември 2024

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Скопје, 5 мај 2024 (МИА) - Мир, спокој, слога и разбирање помеѓу сите, меѓу другото посака денеска, заменичката на владиниот претседател, задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска по повод празникот Велигден.

- Честитки од срце за овој голем христијански празник. Посакувам мир во душите, спокој во семејствата, слога, разбирање меѓу сите. Мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите, да станеме достојни за христовата жртва, порача Грковска од пред Соборниот храм во Скопје. бд/вг/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан