• вторник, 24 декември 2024

Грковска од Виена: Кога жените се вклучени, помалку се зборува за војни, а повеќе за решенија и напредок

Грковска од Виена: Кога жените се вклучени, помалку се зборува за војни, а повеќе за решенија и напредок

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, вечерва во Виена се обрати на приемот по повод Меѓународниот ден на жената насловен „Жени, мир и безбедност“, организиран од Амбасадата на Франција во Австрија и Постојаната мисија на Франција во ОБСЕ, при што истакна дека женското лидерство и учество во сите аспекти на мирот и безбедноста се неопходни не само заради човековите права и родовата еднаквост, туку и за инклузивно управување и социјална кохезија, како и за одржливо решавање на конфликти и кризи.

- Треба да се потсетиме што сме постигнале изминативе години и дека патот воопшто не е лесен. Не чека уште многу работа, но најважно е дека веруваме во тоа што го правиме, имаме за што да се бориме и сме решителни. Жените се храбри и секогаш се во првите редови кога треба да се обезбеди мир и правда. Жените ја имаат улогата да се грижат за семејството, а на истиот начин се грижат и за заедницата. Кога жените се вклучени, помалку се зборува за војни, а повеќе за решенија и напредок, нагласи вицепремиерката Грковска. см/сп/

 

Остани поврзан