• сабота, 23 ноември 2024

Грковска: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции

Грковска: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска беше во работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Билјана Ивановска и останатите членови на Комисијата.  На состанокот, како што информираат од нејзиниот Кабинет, се разговарало за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за предлозите за негова евентуална измена.-Вицепремиерката Грковска оцени дека досегашната примена на Законот за спречување и судир на интереси покажа дека станува збор за добро законско решение, иако како и секоја регулатива со нејзината примена покажува во која насока треба да се подобрува, се наведува во соопштението.  Според Грковска, Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, кој е усвоен во 2019 година, нуди најтранспарентен начин на избор на членови на Комисијата и тој начин на избор треба да биде пример за избор на членови на другите институции.Претседателката на ДКСК Ивановска информирала за предмети кои Комисијата успешно ги завршиле, а кои се однесуваат на судир на интереси.  На средбата станало збор и за конкретни прашања кои се предмет на интерес на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и на ДКСК, но и за можностите за продлабочување на заедничката соработка. дма/цр
 

Остани поврзан