• среда, 18 декември 2024

Грковска за новинарската анализа за Лотарија: Очекувам истражните органи веднаш да преземат мерки

Грковска за новинарската анализа за Лотарија: Очекувам истражните органи веднаш да преземат мерки

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Очекувам истражните органи веднаш да преземат мерки заради тоа што тие имаат обврска да делуваат и по допрен глас. Ние како Кабинет, за жал, не сме истражен орган и тука не би можеле да имаме надлежност, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на новинарско прашање за став во врска со новинарската анализа за однесувањето на функционерите во Државна лотарија и делењето тендери. 

Во изјави за медиуми пред почетокот на работилницата „Институции за граѓаните“, Грковска ги поздрави новинарските истражувања за Лотарија. 

-Истражувачкото новинарство е еден од клучните фактори во борбата против корупцијата и организиран криминал и јас ги поздравувам сите новинари коишто со својот ангажман придонесуваат во таа насока, рече Грковска. 

Во врска со наводите дека во Министерството за политички систем има веб-медиуми кои промовираат политички интереси на партии, таа одговори дека смета оти тоа е неприфатливо, но дека за тоа не разговарала со првиот вицепремиер Артан Груби кој е на чело на таа институција.

-Сметам дека е апсолутно неприфатливо институциите да поседуваат веб-сајтови коишто ќе бидат во функција на политичка партија или да имаат каква било друга политичка конотација, одговори вицепремиерката. хс/нд/   

Фото: МИА

Остани поврзан