• четврток, 26 декември 2024

Грковска: „Една точка на услуги“ обезбедува брза и ефикасна испорака на повеќе од 70 услуги за граѓаните

Грковска: „Една точка на услуги“ обезбедува брза и ефикасна испорака на повеќе од 70 услуги за граѓаните
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Во рамки на повеќебројните работни активности на Меѓувладината работна група за унапредување на соработката во ЕУ интеграцијата, зелените политики, доброто владеење и дигиталната трансформација, кои денеска се одржаа во Скопје, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и колегите од бугарската делегација, предводена од вицепремиерката за добро владеење Калина Константинова го посетија Центарот за услуги „Една точка на услуги“, каде се запознаа со функционалноста на овој сервис на граѓаните, кој обезбедува брзи и функционални услуги од повеќе институции.
Грковска, која и самата ја испроба постапката за вадење на документ на еден од шалтерите, истакна дека едношалтерскиот систем нуди можности за брзо и ефикасно аплицирање и испорачување на повеќе од 70 услуги за граѓаните од различни институции на само едно место. -Дигиталните услуги и имплементацијата на механизми за нивна ефикасна испорака до граѓаните се од исклучителна важност и значително го скратува времето и процесот на изготвување на документи од сите области. Преку овој систем, јас денеска за помалку од една минута го добив својот документ - Потврда за работен стаж, посочи Грковска.
 Во рамки на работниот состанок со делегацијата од Република Бугарија, вицепремиерката Грковска додаде дека Владата и нејзиниот Кабинет продолжува со комплетната посветеност на креирање добри политики во интерес на граѓаните кои се од суштинско значење за подобро системско функционирање. сст/са/

Остани поврзан