• недела, 17 ноември 2024

Грковска: Воведувањето на ИСО стандарди важни за справување со копрупција и градењето ефикасни институции

Грковска: Воведувањето на ИСО стандарди важни за справување со копрупција и градењето ефикасни институции

Скопје, 18 мај 2023 (МИА) - Најголемата забелешка на граѓаните е дека недостасува ред во функционирањето на институциите, а кога нема ред, тогаш се создадени услови за конфузија, а корупцијата најдобро функционира во такви услови. Воведување правила, процедури и стандарди е основа на секое здраво општество независно за која сфера станува збор. Со воспоставувањето на стабилен и ефикасен систем на минимум ќе се намали можноста за евентуални злоупотреби и каков било облик на ризици.

Ова го истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во обраќањето на Националната конференција за акредитација на меѓународни стандарди како алатка за
спречување на корупција организирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ). 

Таа посочи дека за спречување на корупцијата и за градење на информациската стабилност и отпорност е неопходно воспоставување на стандардите како ИСО 37001 и 27001, но и нивна актуелизација и примена и во јавниот и во приватниот сектор. За таа цел се потребни акредитирани институции со доволно знаење и вештини да работат на обуки и на имплементација на овие системи на пошироко ниво.

-Граѓаните од нас очекуваат да носиме мерки за да ги подобруваме процесите кои директно влијаат на квалитетот на живеење, а дел од овие процеси се намалување на корупцијата којашто го јаде општеството однатре, но и ефикасни, брзи и сигурни институции кои ќе обезбедат ефикасни и квалитетни услуги во кои граѓаните ќе имаат доверба. Тоа е возможно само преку тесна и координирана соработка на сите институции за остварување на тоа што се вика заедничка цел - воспоставување ефикасен и безбеден систем кој ќе функционира во интерес на граѓаните, вели вицепремиерката Грковска.

Овие два ИСО - стандарда, како што посочи, веќе се воведуваат во системот на работа на нејзиниот Кабинет, а тоа, нагласи таа, ќе биде препорачано и на останатите владини институции.

Директорот на Институтот за акредитација Слободен Чокревски појасни дека стандардот ИСО 27001 се однесува на информатичката безбедност, а состојбата со ИТ безбедноста, вели, е многу критична.

-Сведоци сме на повеќе сајбер напади на институции на фирми..кои ги загрозуваат не само фирмите туку и граѓаните. Најдобра алатка како да се бориме со тоа системки е ИСО 27001. Тој е првиот и основниот од стандардите кој што ги воспоставува рамките на безбедност на комуницирање во дигиталниот свет. Со негово прифање ние ќе ја устроиме државата да работи според стандарди кои што се признаени и прафатењени во целиот свет, а од друга страна ќе ја обезбедиме дигиталната трансформација, рече Чокревски, подвлекувајќи ги можностите што ги даваат овие два стандарда во подобрување на квалитетот на работа на институциите. 

Целта на конференцијата е да поттикне дискусија и размена на мислења за иницијативите за
имплементација на системoт за управување против корупција во согласност со стандардот ISO
37001:2016 и системот за управување на информациската безбедност во согласност со стандардот
ISO 27001:2022, да се споделат добри практики од земјите на ЕУ кои ги имплементирале овие
стандарди, како и да се дискутираат правните барања за воведување на стандардите во
институциите на јавната администрација.

Конференцијата е дел од тековната активност за против-корупција и
Интегритет, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и имплементирана
од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). вг/бак/

 

Остани поврзан