• петок, 27 декември 2024

Грифитс: Хуманитарен прекин на огнот во Украина не е на повидок

Грифитс: Хуманитарен прекин на огнот во Украина не е на повидок
Вашингтон, 18 април 2022 (МИА) - Хуманитарниот прекин на огнот меѓу украинските и руските сили во Украина во моментов не е на повидок, но тоа може да биде можно за неколку недели, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.
Говорејќи пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, Грифитс рече дека руските власти сè уште не го вклучиле локалното примирје на врвот на нивната агенда.
Тој рече дека службениците за помош на ОН планираат да испратат хуманитарен конвој во источниот регион Доњецк во следните неколку дена и оттаму да испратат помош во Луганск. паг/
   

Остани поврзан