• недела, 06 октомври 2024

Грин суспендиран еден натпревар поради инцидентот со Сабонис

Грин суспендиран еден натпревар поради инцидентот со Сабонис

Сан Франциско, 19 април 2023 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин доби суспензија од еден натпревар. НБА го казни Грин затоа што го стапна играчот на Сакраменто, Домантас Сабонис за време на нивни натпревар.

 

Еден од клучните играчи на Вориорс ќе го пропушти третиот домашен натпревар од серијата од првото коло против Кралевите (0-2), кој ќе се одигра на 20 април.

 

Инцидентот се случи во последната четвртина од вториот натпревар од плејоф пресметката. Грин со едната нога нагази на лежечкиот Сабонис, за што доби неспортски фаул од втор степен и беше исклучен. Сабонис доби техничка за фаќање за ногата на Грин.

 

По мечот Грин изјави дека не сакал да го згази Сабонис, туку тоа го направил случајно, бидејќи му требало нешто да се потпре откако се фатил за ногата. зс/

 

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан