• четврток, 26 декември 2024

Грилиш: Фантастично е чувството да се игра под водство на Гвардиола

Грилиш: Фантастично е чувството да се игра под водство на Гвардиола

Манчестер, 26 декември 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Џек Грилиш откри колку е тешко да се игра за тимот на Пеп Гвардиола оваа сезона.

- Не знам, можеби да. Не сум сигурен, ова е тешко прашање. Со квалитетите на тренерот Пеп, да се во тимот е фантастично чувство. Но, исто така, колку е тоа тешко, можете да замислите, изјави Грилиш за „Sky Sport“.

Манчестер сити ја освои тројната круна во сезоната 2022/23: Лигата на шампионите, англиската Премиер лига и ФА Купот.

Грилиш се појави на 20 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан