• вторник, 15 октомври 2024

Грилиш за победата над Финска: Англија можеше да постигне повеќе голови

Грилиш за победата над Финска: Англија можеше да постигне повеќе голови

Хелсинки, 14 октомври 2024 (МИА) - Англискиот фудбалски репрезентативец Џек Грилиш ги сумираше впечатоците од вчерашниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации против Финска (3:1).

- Можевме да постигнеме повеќе голови, но на моменти ни беше тешко. Успеав да постигнам гол бидејќи тренерот ни дозволи да играме со слобода. Играм со Гомез на тренинзите и знам каков врвен играч е тој. Прославата беше за мојата мала ќерка. Се пошегував со Трент пред слободниот удар: „Погоди и ќе ти дадам 500 фунти“. 
Што и да се случи со селекторот на Англија, луѓето секогаш ќе кажуваат негативни работи. Ми се допаѓа да доаѓам на локацијата на репрезентацијата, имаме одличен тренер, изјави Грилиш за „ITV“.

По овој натпревар, Англија со 9 бодови од четири натпревари е на второто место во групата 2 од Лигата Б, Финска е на последното место без бодови.

Во следниот натпревар Англија гостува кај Грција на 14 ноември, истиот ден Финска ќе се сретне со Ирска. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан