• сабота, 23 ноември 2024

Гризман: Мојот трансфер во Барселона беше грешка

Гризман: Мојот трансфер во Барселона беше грешка

Мадрид, 17 февруари 2024 (МИА) - Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, во изјава за шпанските медиуми се наврати за времето поминато во Барселона, велејќи дека неговата преселба на „Камп Ноу“ во 2018 година била грешка. Французинот моментално игра одлична втора сезона во Мадрид, а во меѓувреме стана и најдобар стрелец на сите времиња на клубот со 175 гола.

Тој се врати во Атлетико во 2021 година, прво на позајмица, а потоа и трајно. На почетокот, сепак, напаѓачот мораше повторно да се докажува пред приврзаниците на Атлетико, кои првично не му го простија ова предавство. 

На Гризман сепак му беше врачен златен прстен од соиграчите и клупските челници како дел од официјалната церемонија за одбележување на неговиот голгетерски рекорд.

-Решив да заминам затоа што ја достигнав својата граница. Заминав бидејќи мислев дека е подобро на друго место. Сакав да пробам нешто ново, но по неколку месеци сфатив дека не сум толку среќен како во Мадрид и во Атлетико. Бев лут на себе, но немав друг избор освен да работам напорно и да молчам. Се „смалив“ во првите неколку месеци таму. Кога се вратив, Фернандо Торес ми рече дека ако ја оставам душата на теренот, фановите повторно ќе ме почитуваат. Направив грешка која може да му се случи секому, но сега ќе направам се за да ги направам фановите горди на нивниот број 7, изјави Гризман.дс

Фото: Архива

Остани поврзан