• вторник, 12 ноември 2024

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Париз, 14 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер во Франција играјќи надвор од државата во изборот на Унијата на фудбалери и тренери на Франција.

Во борбата за наградата, напаѓачот ги победи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени (двајцата од Реал Мадрид), Мајк Мењан (Милан) и Вилијам Салиба (Арсенал).

Во 2016 година, 33-годишниот Гризман за прв пат ја доби оваа награда.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 45 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања, постигна 21 гол и креира осум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан