Грета Тунберг со пари од награда основа фондација
- Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација.
Копенхаген, 20 февруари 2020 (МИА) - Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација.
Целта на непрофитната Фондација Грета Тумберг е „промовирање на еколошката и социјална одржливост, како и менталното здравје“, соопшти Рајт Лајвлихуд фондацијата, која и додели награда на тинејџерката минатата година.
Таа награда се смета за алтернатива на Нобеловата награда.
Како една од четворицата добитници на таа награда, Грета Тунберг доби повеќе од 100.000 долари. гт/