• понеделник, 18 ноември 2024

Гренел: Идејата за размена на територии е на Болтон, а не на Трамп

Гренел: Идејата за размена на територии е на Болтон, а не на Трамп
Вашингтон, 19 јуни 2020 (МИА) - Специјалниот претставник на САД за дијалогот меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел изјави дека идејата за размена на територии потекнува од поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, а не од американскиот претседател Доналд Трамп. - Во моментов сум во поинаква позиција поради ситуацијата што ја создаде Џон Болтон, а кој се разликуваше од претседателот Трамп во однос на Косово и Србија. Цело време морав да се борам со гласините за размена на територии, што во никој случај не е политика на Трамп. Двете страни велат дека тоа го слушнале од Болтон, рече Гренел во интервју за „Фокс њуз“. Тој исто така рече дека сега се бори против гласините што протекоа поради фактот дека Болтон водел своја политика, а не ја претставувал политиката на Трамп, пренесува Косово Онлајн. - Кога ќе се согласите да работите за претседател како Трамп, кој е човек кој сака да го смени Вашингтон, не можете да се однесувате како Џон Болтон. Ова не е конфликт меѓу демократите и републиканците, туку војна меѓу официјален Вашингтон и остатокот од Америка, рече Гренел. јт/

Остани поврзан