Грег Попович не се враќа на клупата оваа сезона
- Тренерот на НБА лигашот Сан Антонио, легендарниот Грег Попович, најави дека нема да се врати на тренерската работа оваа сезона.

Њујорк, 28 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на НБА лигашот Сан Антонио, легендарниот Грег Попович, најави дека нема да се врати на тренерската работа оваа сезона.
Попович, кој има 76 години и го држи рекордот за најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа мозочен удар на 2 ноември лани.
„Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Тренерот Мич Џонсон и неговиот тим завршија извонредна работа, а одлучноста и професионализмот што ги покажаа играчите, држејќи се заедно во текот на една предизвикувачка сезона, беа извонредни“, рече Попович.
Попович беше во редовен контакт со Џонсон, некои членови на тимот, а понекогаш водел и разговори со играчите, но е виден на натпревари или тренинзи откако доживеа мозочен удар.
„Ќе се фокусирам на моето здравје со надеж дека во иднина ќе можам да се вратам на тренерската работа“, порача Попович. ег