• сабота, 28 декември 2024

Грегори, првиот Афроамериканец од САД именуван за кардинал на Римокатоличката црква

Грегори, првиот Афроамериканец од САД именуван за кардинал на Римокатоличката црква
Вашингтон, 28 ноември 2020 (МИА) - Папата Франциск денеска во Ватикан именува 13 црковни високодостојници на Римокатоличката црква, еден од нив е Вилтон Грегори, надбискуп на епархијата на Вашингтон, округ Колумбија, јави Ен-би-си њуз. Тој е првиот Афроамериканец во историјата на САД именуван на една од највисоките црковни служби во Католичката црква. Бискупот Грегори (72) е роден во Чикаго, каде го поминал детството. Во 1973 година тој бил назначен за свештеник во еперхијата на Чикаго. Во 2001 година е избран за претседател на Конференцијата на католички бискупи на САД. Под негово лидерство, американските бискупи имплементираа грамота за заштита на децата од свештениците педофили. Папата Франциск го именуваше Грегори за седми надбискуп на католичката епархија на Вашингтон. - Му се заблагодарувам на папата Франциск со многу благодарно и скромно срце за ова назначување, кое ќе ми дозволи да работам поблиску со него во грижата за црквата Христова, соопшти надбискупот по повод именувањето. Во согласност со грижата на папата за католиците кои историски биле маргинализирани, останатите номинации за кардинали вклучуваат свештеници од Руанда, Брунеи, Чиле и Филипините. кб/ми/

Остани поврзан